337
Средношколскиот пленум денеска излезе со реакција за се што се случуваше овие неколку денови, додека учениците го полагаат екстерното тестирање. Тие наброија многу нелогичности и нерегуларности со кои се соочиле средношколците.
-Сакаме да го прашаме министерот Абдулаќим Адеми уште еднаш дали екстерното тестирање треба вака да изгледа и дали е ова екстерното тестирање кое тој ни го ветуваше на нас и на целокупната јавност во Македонија. Она екстерно тестирање на кое нема да има нерегуларности и пропусти. Дали барем малку не му е срам поради некои негови и грешки на министерството за со тоа учениците да бидат оштетени и деградирани – истакна Александар Милевски од Средношколскиот пленум.