Една од средношколките кои тепаа соученичка, а беа снимени од нивни врсници, добила опомена пред исклучување од училиштето, изјави за „Слободен печат“ директорката на гимназијата Јосип Броз Тито, Силвана Кржовска.
Опомената не била поради тепачката, која беше снимена кај грчкиот конзулат од врсници кои навиваа и го поттикнуваа насилството, туку тоа што после инцидентот, девојчето во кругот на училиштето пред сведоци се обратила кон соученичката која ја истепа со зборовите: ,,Дај да ти го сликам модрото око”.
Родителот на опоменатата ученичка, вчера им се заканувал на вработените во училиштето. Кржовска за Слободен печат вели дека заканите биле и кон децата на вработените и дека се е пријавено во полиција. Таткото на укорената ученичка закупил и билборд пред гимназијата во централното градско подрачје на кој пишува ,,Правда”.