Средношколка на час по хемија испила три голтки азотна киселина, заврши во болница

by Fokus

Средношколка (16) испила азотна киселина за време на час по хемија во Земјоделско-хемиското училиште во Обреновац, па било примено во Детската болница во Тиршова и моментално е во стабилна состојба, дознава „Телеграф.рс“. Таа наводно има повреди на хранопроводот.

Како што пренесуваат српските медиуми, ученичката од втора година испила три голтки неразредена азотна киселина пред својата професорка и соучениците.

За случајот известена е полицијата, како и Основното јавно обвинителство – Обреновац кое ја води истрагата.

Неофицијално, полицијата по наредба на обвинителството ќе разговара со сведоците на овој немил настан, но и со родителите на девојката.

Засега не е познат мотивот зошто девојката го направила ова, а она што може да се слушне од нејзините пријатели е дека таа и претходно се самоповредувала.

Поврзани новости