Италијански средношколец и се „заканувал“ на премиерката Џорџа Мелони, гестикулирајќи со рацете како да ќе ја застрела со пиштол, додека таа го информирала Сенатот за денешниот состанок на Европскиот совет.
Цинсија Шакомобоно, директорката на училиштето „Риги“ во Рим, чии ученици присуствуваа на седницата на Сенатот, за агенцијата „Анса“ изјавила дека момчето ќе се соочи со дисциплинска постапка.
„Ќе преземеме дисциплински мерки. Не смеете да правите такви работи“, рече таа, додавајќи дека знае дека во училиштето има ученици, екстремни левичари, кои ја критикуваат владата, како и студенти од екстремната десница.
Мелони рече дека била шокирана од таквиот гест на учениците на денот на кој пред 22 години екстремните левичари од организацијата Црвени бригади го убиле Марко Биаџо, експерт за реформи на трудовото право.