446
Ученик од средно училиште во Струга пријавил дека во неколку наврати бил сексуално злоставуван од друг, исто така малолетен ученик, од истото училиште. Случајот вчера во полиција бил пријавен од Центарот за социјални работи Струга, а со детето жртва бил извршен разговор во центарот, во присуство на социјален работник, психолог, педагог и адвокат за деца.
-Во разговорот малолетникот изјавил дека во повеќе наврати во летото 2017 година во неговиот дом бил сексуално злоупотребен од страна на друго малолетно лице-ученик во средно училиште. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на настанот, информираат од МВР.