Средношколец од Виена се заканил дека ќе убие соученици, наставници и директорот на училиштето

by Fokus

Средношколец од Виена во објава на социјалната мрежа Инстаграм се заканил дека ќе изврши повеќе убиства во училиштето каде што посетува настава, што предизвикало страв и паника кај локалното население.

Корисникот на Инстаграм, за кого се верува дека е ученик во средно училиште испратил фотографии од оружје и муниција на свој соученик и напишал дека сака да застрела неколку ученици и наставници, како и директорот на училиштето.

Осомничениот имал детален план за напад на неколку ученици во истото училиште.

Полицијата веднаш извршила претрес во училиштето, пренесува „Heaute“.

Ова го сфаќаме многу сериозно“, соопштил портпаролот на виенската полиција.

Виенската полиција се уште го испитува осомничениот.

Поврзани новости