Средно Водно, Горно Нерези и Крушопкек и делови од Припор, Капиштец и Горно Соње денеска без струја

by fokus

Без електрична енергија денеска од 8:00 до 14:30 часот ќе останат дел од корисниците од Средно Водно, Горно Нерези и Крушопек.

Во периодот од 9:00 до 14:30 часот денеска без струја ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улицата „Христо Татарчев“ бр. 23 во населба Припор, општина Кисела Вода.

Од 8:00 до 12:00 часот денеска без струја ќе бидат дел од жителите од улицата „Загребска“ во општина Центар, а од 9:00 до 12:00 часот жителите од село Горно Соње, дел од место викано Под Брег.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички интервенции во дистрибутивната електромрежа.

Поврзани новости