Средби на новата албанска политичка опција во САД

by Фокус

Деновиве на покана на моќната албанска дијаспора во САД престојуваат челните луѓе на опозиционите политички партии и движења на албанците во Македонија: Зејадин Села од ДПА, Весел Мемеди од НДП и Билал Касами од движењето БЕСА.

site

Тие официјално се таму за прославување на 25 годишнината од формирањето на Албанско-Американската граѓанска лига. Таму нема преставници на партиите на Ахмети и Тачи.

Се претпоставува дека ова е уште една средба по координациите на овие три политички здружувања, во Косово со движењето  „Самоопределување“ на Албин Курти и работниот ручек во Поградец со албанскиот премиер Еди Рама.

kasamimccain

Преставниците на БЕСА, НДП и на Зејадин Села од ДПА имаа многу заеднички состаноци со американските сенатори се до влијателниот Мек Кејн на републиканците.

Поврзани новости