589
Лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети денеска во 14 часот заедно со генералните секретари на партиите, Љупчо Николовски и Артан Груби, ќе одржат средба во Клубот на пратениците. На средбата се очекува конечен договор за формирање владина коалиција.
Како што соопштија вчера СДСМ и ДУИ, постигнат е сериозен договор меѓу двете партии во преговорите за формирање влада.