Средба Зеленски – Келог: Силни односи Украина – САД ќе бидат од корист за целиот свет

by Fokus

Откажана е планираната прес-конференција на украинскиот претседател Володимир Зеленски и главниот претставник на САД за Украина – Кит Келог.

Средбата на Келог и Зеленски во Киев доаѓа откако Зеленски и Трамп си разменија остри изјави.

Зеленски изјави дека Трамп живее во „руски информативен меур“, додека Трамп подоцна напиша дека Зеленски е „диктатор без избори“.

Сепак, Зеленски по средбата со Келог на Икс обзнани дека имал продуктивен состанок.

„ Имав продуктивен состанок со Келог, добра дискусија, многу важни детали. Благодарен сум на САД за сета помош и двопартиска поддршка за Украина и украинскиот народ. Важно е за нас, и за целиот слободен свет, да се почувствува американската сила. Имавме детален разговор за ситуацијата на бојното поле, како да ги вратиме нашите воени заробеници и ефективни безбедносни гаранции“, напиша украинскиот лидер.

Зеленски му се заблагодари на Келог за „заедничката работа за постигнување важни резултати“.

Поврзани новости