Средба Заев – Звиздиќ: Македонија и БиХ на дело реализираат регионална соработка што отвора пат кон ЕУ

by Fokus

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од владина делегација во состав Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,  Крешник Бектеши, министер за економија, Роберт Алаѓозовски, министер за култура, Едмонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспората, е во прва официјална работна посета на Босна и Херцеговина.

Првата средба на Заев беше со претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.

Премиерот на Македонија и претседателот Звиздиќ констатираа дека оваа посета на владината делегација од Република Македонија на највисоко ниво, со колегите од БИХ, е почеток на најавената интензивна соработка меѓу двете земји, како и во духот на развојот на регионалната соработка, потребна за евро-атлантските интеграции на двете земји.

„Република Македонија и Босна и Херцеговина денеска на дело ја реализираат преземената обврска за развој на регионална соработка пред Европската унија“ рече премиерот Заев.

 

 

 

Поврзани новости