Средба Заев-Нуланд: Можни се избори во ноември

by fokus

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на средбата со помошник државната секретарка на САД, Викторија Нуланд истакнал дека ова е клучен период за постигнување договор и формирање на Влада која ќе спроведе брзи избори.

Заеднички било констатирано дека мора да се обезбеди прочистен, доверлив Избирачки список и објективно известување на медиумите.

Опозицискиот лидер смета дека со исполнување на овие услови, можно е одржување на предвремените парламентарни избори во текот на месец ноември.

Претседателот Заев порача дека брзи фер избори ќе ја спасат Македонија од економското и финансиско тонење на државата и недемократскиот начин на владеење што штети на евро-атлантските перспективи.

Поврзани новости