Средба Заев-Митровиќ: Промените во Македонија овозможија продлабочување на соработката со Црна Гора

by fokus

Самитот во Подгорица го потврди традиционалното пријателство помеѓу двете држави и отвори перспективи за надоградување на билатералната соработка и заедничко дејствување на регионален план, заклучиле на денешната средба премиерот Зоран Заев и амбасадорот на Црна Гора, Предраг Митровиќ.

Премиерот Заев соопштил дека македонската влада ја постави државата на евро-атланскиот пат и дека сега ги прави сите потребни чекори за реализација на овие две стратешки цели.

На состанокот било констатирано дека промените во Македонија отворија можности за напредок на земјата на меѓународен план, продлабочување на соработката со Црна Гора и со другите држави во регионот, како и за економски развој што ќе им го олесни животот на граѓаните во државава.

Поврзани новости