550
„Средба силна колку Горде. Неправдата никогаш не нè скршила!“ – напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својата Фејсбук страница, објавувајќи фотографија од него и екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која одлежува затворска казна во затворот Идризово.
Јанкулоска е осудена во предметот „Тенк“, а нејзиниот адвокат Влатко Илиевски изјави дека таа го користи вториот дел од годишниот одмор и средбата со Мицкоски се одржала во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.