Денеска се оствари работна средба на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и судиите Ана Павловска-Данева, Татјана Васиќ-Бозаџиева со Карстен Манке, тим лидер и негови колеги- експерти ангажирани за спроведување на ИПА 3 проектот кој ќе се применува со цел унапредување на капацитетите на Судот.
Претседателот Костадиновски информираше за неговите приоритети во работењето и областите во кои очекува поддршка за зајакнување на капацитетите со помош на инструментот ИПА 3, овозможен преку Европската Унија.
-Клучни компоненти во оваа програма ќе бидат:
Подобрени законодавни, нормативни и компетенции на надлежност на Уставниот суд и заштита на основните права;
Зајакнати менаџерски, административни и капацитети за човечки ресурси, зголемена транспарентност;
Подобрено управување со работата на Уставниот суд и квалитетот на уставната правда, информираат од Уставниот суд.