473
Преговарачките тимови на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како што е најавено, на денешната средба во Собранието ќе ги продолжат разговорите за законот за Јавно обвинителство.
Ова е прва средба на преговарачките тимови за Законот за ЈО по лидерската средба, на која партиските лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски се обидоа да најдат решение.
Спикерот Талат Џафери најавува дека пленарна седница за Законот за јавно обвинителство ќе свика кога ќе го добије извештајот од комисијата каде предлогот е во второ читање. Тој не ја исклучува можноста, поради различните ставови на власта и опозицијата, да не се обезбеди двотретинско мнозинство.