440
БЕСА и Билал Касами повторно ќе ја бојкотира денешната средба на партиите потписнички на Албанската платформа, иако состанокот ќе се одржи во Собранието, нешто што беше клучно барање на БЕСА минатиот пат.
Лидерот на НДП, Весел Мемеди, вчера како ротационен домаќин на средбата за анализа на спроведеното досега од Албанската платформа ги покани останатите потписнички на средба во Собранието.
На состанокот ќе присуствуваат и претставници на ДПА иако тие не беа дел од потписниците на Албанската платформа.