Министерот за култура Хусни Исмаили денеска во својот кабинет се сретна со амбасадорот на Италија во земјава, Карло Ромео.
На средбата, Исмаили и Ромео потенцирале дека двете земји имаат традиционално добра соработка во сите дејности од областа на културата, што се потврдува и со голем број на реализирани проекти и гостувања на македонски и италијански уметници на манифестациите во двете земји.
Размената на проекти и уметници постои во областа на заштитата на културното наследство, издавачката, драмската и ликовната дејност, а особено е изразена соработката во филмската дејност, која се реализира согласно потпишаниот Договор за развој на копродукциски проекти меѓу Генералната дирекција за филм при италијанското Министерство за културни добра и културни активности и Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, посочува Министерството.