Средба на Маричиќ и Колевски: Работата на правосудството ќе биде во фокусот на ЕУ преговорите

by fokus

Денеска во Министерството за правда се оствари средба помеѓу министерот Бојан Маричиќ и претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски.

На средбата акцент беше ставен околу спроведувањето на Законот за Советот на јавни обвинители и одговорностите кои го очекуваат советот во поглед на отворањето на Поглавјето 23, имајќи предвид дека обвинителската пракса ќе биде во фокусот на преговорите.

Министерот Маричиќ истакна дека очекува од Советот на јавни обвинители да ги изготви и донесе подзаконските акти кои произлегуваат од Законот за Јавното обвинителство со кои се зајакнува одговорноста на јавните обвинители.

На средбата министерот Маричиќ потенцираше дека ќе биде поддршка за кадровско зајакнување на јавното обвинителство со кое ќе се овозможи поефикасна борба против криминалот и корупцијата.

Поврзани новости