Средба на архиепископот г.г. Стефан со митрополитот Андреј од Критската архиепископија – Веселенска Патријаршија

by Fokus

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во Архиепископската резиденција вчера го прими Митрополитот Алкалохориски г. Андреј, од Критската Архиепископија ‒ Вселенска Патријаршија, кој, воедно, е и редовен професор на Аристотеловиот Универзитет во Солун, по предметот Црковна историја.

Како што се наведува во соопштението од Скопската епархија на МПЦ – ОА, гостинот му ги пренел на архиепископот г.г. Стефан поздравите и честитките од Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, по повод божикните чествувања и именденот. Исто така, разговарале и за актуелности во сеправославната екумена, а особено за најновите настани поврзани со Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија. Архиепископот се заблагодарил за посетата и за поздравите и упатил возвратни поздрави до Неговата Сесветост.

 

Во претходните денови, Високопреосвештениот Митрополит ги посети нашите светилишта во Охрид и свештениот Бигорски манастир, информираат од Скопската епархија.

Поврзани новости