Средба меѓу Ковачевски, Вучиќ и Рама на езерото Гарда

by Fokus

На езерото Гарда во близина на италијснкиот град Верона, денеска ќе се сретнат премиерот, Димитар Ковачевски, српскиот претседател, Александар Вучиќ и албанскиот премиер, Еди Рама. Средбата е во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

Ова е прва средба на лидерите од „Отворен Балкан“ надвор од границите на нивните земји. После состанокот тројцата лицери ќе одржат заедничка прес конференција. Се очекува тема на разговори да бидат досегашните резултати од иницијативата.

Ковачевски, Вучиќ и Рама се во посета на Верона како поддршка на Меѓународниот саем на вино на кој се изложени вина од трите земји.

Поврзани новости