Средба Ковачевски – Таравари: Наша заедничка цела е продолжување на европскиот пат

by Fokus

Лидерот на владејачката СДСМ – Димитар Ковачевски денеска во седиштето на партијата имал средба со претседателот на Алијансата на Албанците – Арбен Таравари, на која, како што наведува на Фејсбук, разговарале за реализацијата на програмата на Владата, за динамиката на работа во наредниот период, како и за политиките кои значат исполнување на стратешката цел на земјата за членството во ЕУ и партнерството со САД.

– Наши заеднички цели на коишто посветено работиме како политичари и коалициски партнери се продолжување на европскиот пат до полноправно членство во ЕУ и јакнење на стратешкото партнерство со САД.

Тоа е наша обврска кон сите граѓани и кон иднината на државата затоа што Северна Македонија нема друга алтернатива освен европскиот пат – стои во објавата на фејсбук профилот на Ковачевски.

Инаку, претходно денеска Таравари во куса изјава за МИА потврди дека партиите од албанската опозиција му предложиле тој да биде нивен кандидат за претседател на претстојните избори, но истакна дека тој не е заинтересиран.

Поврзани новости