Техничкиот премиер Талат Џафери, денеска оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, кој што е во земјава во рамките на учеството на Парламентарно собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.
На средбата, Џафери му посака топло добредојде на претседателот Бегај, изразувајќи задоволство од континуираниот политички дијалог, како и развојот на билатералните односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со пријателски и братски однос кој е повеќе од само добрососедски однос.
Единствено економската размена со Република Албанија не го рефлектира тој одличен однос и затоа соговорниците се согласија дека таа треба да биде приоритет и за актуелните Влади на двете земји, и секако имајќи го предвид очекуваниот избор на новиот владин состав во земјава по одржаните парламентарни избори, и за идната Влада на Македонија.
Џафери истакна дека е важно да се продолжи со реформи за исполнување на зацртаниот пат на двете земји, кои веќе се сојузници во НАТО, со надеж дека и процесот на евроинтеграции ќе се заокружи со успех.
Важно е, истакна Бегај, „да се задржи и надгради уште повеќе тоа што е постигнато во Македонија, а што е во однос на однос на правата и обврските на заедниците.“
Се согласи со констатациите на Џафери во однос на тоа дека евроинтеграциите се приоритет за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот и на евроатлантската заедница во регионот, и дека е добро што и двете држави се на иста линија со Европската Унија што се однесува на надворешната и безбедносната политика на Унијата.