Среброва блеска на 66 години: Естетските операции помагаат само ако природно си убава!

by Фокус

Фолк пејачката Вики Среброва, која помеѓу првите во земјава се реши на естетска корекција уште пред 12 години, денес на свои 66 години изгледа речиси две децении помлада. Таа се уште е активна на сцената и редовно објавува фотографии на социјалните мрежи, на кое се прикажани нејзините дружби со колеги и пријатели.

Она кое не може, а да не се забележи е нејзиниот младешки изглед и затегнатата кожа на лицето. Среброва е мајка на три деца и баба на пет внучиња, а на 54 години беше една од ретките јавни личности која на клиника во Хрватска направи естетски интервенции кај специјалистот д-р Бојан Игнатовски и тоа јавно го сподели.

-Нов подбрадок, липосукција и мали корекции кои ми се од големо значење. Бев во рацете на вистински професионалец, воопшто не зажалив за одлуката. Како јавна личност, посебно поради мојата професија, гледав на овие интервенции како на дел од мојата професионална кариера.

 

Треба да се биде и реален во очекувањата, бидејќи е потребна и природна убавина, која со помош на корекциите уште повеќе ќе дојде до израз – ни изјави Среброва неколку години по зафатот.

 

Тогаш раскажа дека нејзините родители, дури и во своите осумдесетти години изгледале убаво и имале мазна кожа, а таа го наследила младешкиот изглед од нив.

Вики Клинчарова

Поврзани новости