Законот за двојазичност е спротивен на Уставот и за него треба да се произнесе Уставниот суд, изјави Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција во седиштето на партијата.
-Уставниот суд има обврска да се произнесе без разлика од каде доаѓа претставка – рече Србов, откако пратеникот од неговата партија, Илија Димовски, најави дека ќе го оспори законот пред Уставниот суд.
Воедно, Србов истакна дека договорот што го ратификуваше парламентот за пријателство и добрососедство со Бугарија е асиметричен и штетен за Македонија.
– Со овој договор Македонија се обрзува на отстапки. Зоран Заев и даде на Бугарија легален инструмент за да ја блокира државава во иднина – рече Србов.
Според него, со договорот Македонија се откажала на македонскиот јазик, кој стана „јазик согласно Уставот“, како и од македонската историја.
-Врз основа на каква методологија ќе се ревидира македонската историја? – праша Србов.