Косовската полиција објави дека во текот на минатата ноќ е поставена нова барикада во регионот населен со мнозинско српско население во северно Косово, во населба во Северна Митровица на патот кон Звечан.
Во денешното соопштение на полицијата се наведува дека состојбата во областа населена со мнозинско српско население останува непроменета и во осмиот ден по поставувањето на барикадите на патиштата од страна на локалните Срби и дека граничните премини меѓу Косово и Србија, Јариње и Брњак и натаму остануваат затворени.
„Поставувањето барикади продолжува да ја нарушува слободата на движење, а исто така го оневозможува влезот и излезот на граѓаните и стоките на двата гранични премини. Во текот на мината ноќ е поставена нова барикада во населбата Берџане која води кон Звечан, а продолжува попречувањето на слободното движење и на алтернативните патишта, со што и натаму се отежнува животот на граѓаните во северниот дел од државата“, се вели во соопштението, во кое полицијата порачува дека „ќе продолжи да се ангажира во пружањето безбедност за сите граѓани”.
Локални Срби започнаа започнаа блокади на патиштата и на граничните премини кон Србија во северно Косово, откако ден претходно беше приведен поранешниот припадник на косовската полиција, Дејан Пантиќ, осомничен дека организирал напади врз канцелариите на Централната изборна комисија и на припадници на полицијата на Косово.