На воениот аеродром во Батајница се одржа митинг на српската војска наречен „Штит 2022“.
На изложбата на воена опрема, фокусот беше ставен на кинескиот противвоздушен ракетен систем со среден дострел ФК-3, кој пристигна во Србија на почетокот на овој месец. Учествуваа повеќе од илјада припадници на Министерството за одбрана и армијата.
На настанот како што пренесуваат медиумите во соседството бил присутен и претседателот Александар Вучиќ
Притоа биле прикажани околу 60 авиони, вклучувајќи модернизирани МИГ 29СМ, опремени со нови ракети воздух-воздух со среден дострел Р-77. Станува збор за рускиот пандан на американската ракета AIM-120 AMRAAM.
-Горд сум на српската армија и нејзиниот огромен напредок, рече Вучиќ.
Тој истакна дека Србија ќе ги зајакне своите борбени воздушни сили доколку нема политички пречки и дека земјата е неутрална и дека мора да најде решенија за да го зачува своето небо и држава.
-Ќе продолжиме да инвестираме во нашата армија и да ја зајакнуваме, нагласи Вучиќ.