95
Србинката Драгана А.С.(32) утрово во селото Милнетија, кај градот Брус во 10 часот и 20 минути се превртела со својот автомобил, дознава Телеграф.
Нејзината ќерка (3) загинала во сообраќајката..
Инаку, Драгана е вработена во предучилишна установа како воспитувачка.
Според неофицијални информации, таа со својот автомобил влетала во локалната река.
Жената е префрлена во болницата во Крушевац во многу тешка состојба.
Се истражуваат околностите под кои се случила трагедијата.