Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Националната полиција на Шпанија потврдила до Министерството за внатрешни работи на Србија дека во шпанскиот град Естепона е убиен српски државјанин.
– Од Националната полиција на Шпанија ни потврдија дека на 12 август во градот Естепона бил убиен српскиот државјанин С. М.(1988) од Белград. Убиството било извршено со огнено оружје, а на лице место починал С.М. Лицето имало лажен идентитет на белгиски државјанин.
По него била распишана меѓународна потерница од Интерпол Белград, бидејќи бил член на организирана криминална група која се занимавала со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, заради непосредна финансиска корист. Лицето имало задача да натовари кокаин на бродот, како и да ја надгледува дрогата, нејзино отстранување од европските пристаништа и понатамошна дистрибуција, а сето тоа било снимено во комуникацијата преку апликацијата „SkyEcc“ – изјави Дачиќ.