Србин, Русин и Мексиканец фатени со 800 килограми кокаин

by fokus 18:25
18:25

Во Атлантски Океан денеска шпанската полиција откри и заплени 800 килограми кокаин. Дрогата била превезувана со едрилица.

Шпанската полиција уапси три лица, Мексиканец, Русин и Србин осомничени членови на меѓународна криминална група. Групата се товари дека подолг период кримчари големо количество кокаин од Јужна Америка во Европа.

- Advertisements -

На дел од пакетите со кокаин имало залепено фотографија од Гаврило Принцип.

На едрилицата се пронајдни и компјутерска опрема, повеќе мобилни телефони и обемна докумантација.

Во исто време и српската полиција приведе две лица, а по едното се уште трага. Извршен е претрес на четири локации во Србија при што е запленета документација за уплата и исплата и трансфер на пари, нотеси, мемориски картички, мобилни телефони и опрема за неовластено аудио и видео снимање.

Поврзани новости