82
Во атарот на селото Моин, на фарма за свињи пронајдено е телото на 67-годишниот П.С. од Србија кој работел како стручен консултат.
Како што соопштија од СВР Струмица, настанот бил пријавен околу 10 часот вчера во Полициската станица во Гевгелија, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.