Човекот кој денеска околу 11 часот со самострел застрела полицаец пред Амбасадата на Израел во Белград е државјанин на Србија од Младеновац.
Според неофицијални информации, тој ја сменил вера и отишол да живее во Нови Пазар и го зел името Салахудин. Неговото тело се уште е на лице место, на Дедиње.
Бил облечен во бела маица и темно сиви панталони, имал долга брада и кратка фризура. Медиумите пренесуваат дека тој носел хируршка маска и капа, додека во ранецот имал торба од која извадил самострел, а наводно имал и кујнски нож.
Полицаецот во самоодбрана го застрелал овој напаѓач, кој починал на лице место, а, според неофицијални информации, на местото на настанот дошол со автомобил. Напаѓачот се обидел да побегне, но повредениот жандар го совладал.