На лекарите им била сомнителна повредата на главата, па според изворот, се јавиле во полиција и го пратиле телото на обдукција.
Педесет и четиригодишник е уапсен поради сомнение дека ја убил својата 83-годишна мајка со удар во главата, а потоа ја легнал на кревет и се обидел да го прикрие убиството.
– Злосторството се случило околу два часот по полноќ. Постои сомнение дека уапсениот ја удрил својата мајка со тап предмет во главата во тоалетот, а потоа ја ставил на креветот. Потоа ги избришал траговите од крв во куќата, но и на себе и на својата мајка. Несреќната жена до утрото починала од здобиената повреда, а синот тогаш повикал да биде однесено нејзиното тело – вели извор за „Курир.рс“.
На лекарите им била сомнителна повредата на главата, па според изворот, се јавиле во полиција и го пратиле телото на обдукција.
Како што додава, осомничениот им кажал на полицајците дека неговата мајка паднала и тешко се повредила.
– Беше во купатило и со главата удри во мијалникот, а потоа на подот. Беше жива, ја подигнав и ја однесов во кревет. По еден час, отидов да ја видам и сфатив дека не дише. Ми беше јасно дека починала, но не ја убив – наводно рекол тој.
Меѓутоа, обдукцијата покажала дека жената е убиена, дека повредата на главата ја добила насилно и тоа со удар од некој предмет.
– Штом стигнаа резултатите од обдукцијата, синот е уапсен и на терет му се става тешко убиство – вели изворот.
Некои соседи изјавиле дека не веруваат оти синот ја убил мајка си.
– Беше тука подстанар, живееше сам до пред неколку месеци, мајка му беше во дом за стари лица. Пред неколку месеци ја донесе и неа да живее тука, кај него, бидејќи беше болна – рекла сосетка и кажала дека жената скоро никогаш не ја гледала по надвор.
Според друг сосед пак, осомничениот имал психички проблеми.
– Го гледав понекогаш како си зборува сам со себе или се расправа. Можеби нешто му крцнало во главата да направи такво нешто. Мислам дека не е способен сам за себе да се грижи, а не пак за болната мајка – рекол соседот.
Како што дознава медиумот, 54-годишникот претходно немал проблеми со полицијата и немал досие.