286
Сплитската полиција уапси 41-годишен државјанин на Србија и 40-годишен државјанин на Босна и Херцеговин, откако во камионот им пронашле повеќе од 33,7 килограми марихуана, соопшти Јавното обвинителство во Сплит, Далмација.
Камионот во кој се возеле бил со словенечки регистарски таблички, а биле фатени при сообраќајна контрола на автопатот во вторникот вечерта, при засилената акција за сузбивање прекуграничен криминал.
Полициско куче за откривање дрога реагирало на присуство на дрога во возилото. Двајцата се уапсени и однесени во службени простории.