374
На граничниот премин Табановце вчера едно лице се обидело да ја помине српско македонската граница со сомнително возило, а друго лице со фалсификуван пасош.
Според МВР, вчера во 14 часот спрскиот државјанин А.Ф. (23) од Бујановац се обидел да влезе во земјава со патничко возило Мерцедес, кај кое било констатирано дека VIN бројот отстапува во оригиналниот, односно немало типска налепница.
Исто така, од полицијата информираа дека два часа подоцна при контрола на Б.К. (22) било утврдено дека имал фалсификуван пасош, односно преправан бил штембилот под кој имало втиснато штембил со впишана забрана за влез во земјите членки на Европската Унија.