448
39-годишен Србин пукал во својот 21-годишен син кој бил со својата мајка на одмор во Ханиоти, Грција. Според локалните медиуми таткото и мајката на момчето биле разведени и случајно се сретнале вчера на туристичкото место.
Наводно на пукањето му претходела расправија, како и физичка пресметка. Таткото прво го удрил син му со оружје во главата, а потоа го застрелал и го ранил во десниот дел на бутот.
Момчето со прострелна рана било хоспитализирано во болница во Полигирос.
Како што пишуваат грчките медиуми кај таткото е пронајдена помала количина кокаин.