Србија го забрани извозот на природен гас, а според одлуката на властите во Белград, забраната треба да спречи недостиг од гас поради како што велат од српската влада, нарушување на светскиот енергетски пазар.. Одлуката има времен карактер и ќе важи до крајот на овој месец..
Во меѓувреме, денеска на берзите се бележи драстичен пад на цените на струјата. Во споредба со минатиот понеделник, цената е пониска за 40-тина проценти. Така на софиската берза, ИБЕКС, еден мегават час се нуди за нуди 186 евра, додека на унгарски ХУПЕКС цената е 189 евра, што е за над 100 евра пониска за разлика од минатата недела.
Овие две берзи важат како најважни за македонските компании, бидејќи најголем дел од нив, струјата ја купуваат токму на овие берзи.
Од друга страна, почетокот на работната недела бележи поскапување кај нафатата на светските берзи.. Барел американска нафата се продава по 86, 34 долари, додека БРЕНТ се нуди по 92,48 долари..
Порастот на цените се правда со можната зголемена побарувачка по најавата на кинеските власти за помош на економијата.