Србија, Унгарија и Австрија со заеднички полициски сили кон Северна Македонија ќе ја штитат Европа од мигранти

by Fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ, унгарскиот премиер Виктор Орбан и австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска во Белград потпишаа Меморандум за разбирање меѓу трите земји за зајакнување на трилатералната соработка на полето на ефикасна борба против илегалната миграција, со кој преку усогласување на визната политика на Србија со Тунис, Бурунди и други земји и со заедничи полициски сили кон Северна Македонија ќе ја штитат Европа од миграцијата, јави дописникот на МИА од Белград.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес конференција изјави дека Србија имала значаен раст на илеланигални мигранти во 2022 година од 191 отсто, кои најмногу доаѓаат од Северна Македонија – 51 отсто и од Бугарија 32-33 отсто.

-Она што ние се договривме денеска е заеднички, со подршка на Унгарија и Австрија, да ангажираме поголем број на полициски сили на границата кон Северна Македонија, да вклучиме и значајна опрема, автомобили со термовизијски камери, и да се обидеме таа одбранбена линија да ја придвижиме на југ, со што уште пред крајот на годината ќе тргнеме со реализација, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека Србија подоцна ќе се обиде заедно со Северна Македонија таа одбранбена граница да ја придвижи исто така на југ, ако тоа се покаже успешно, со што севкупно ќе се штити Европа, но и Србија, бидејќи несака да биде „паркинг за мигранти”.

Што се однесува до регистрирани мигранти, Вучик посочи дека најголем број лица во Србија пристигнуваат од Авганистан 40 отсто, од Сирија 27 отсто, Мароко 12,5 отсто, Бурунди седум отсто и два отсто од Пакистан.

-Постигнавме важен договор и во врска со реадмисијата, односно протерување на оние кои немаат шанса да добијат азил. Ќе мора да обезбедиме авиони за враќање на мигрантите, а тоа е многу скапо. Ќе ги поделиме трошоците со Унгарија и Австрија , и се договоривме дека тоа да биде фер однос, нагласи Вучиќ.

Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека тоа што го прават овие три земји е силен сигнал за Брисел.

-Силен сигнал е тоа што две земји-членки на ЕУ, Унгарија и Австрија, заедно со Србија, навистина силен и посакуван партнер, одовде испраќаат сигнал до Брисел, нагласи Нехамер и посочи дека Австрија, е страстен борец за влез на земјите-членки на ЗБ во ЕУ.

-И да партнерите како Србија не само да добиваат перспектива, туку и да постигнуваат конкретен напредок, бидејќи има големи предизвици во борбата против илегалната миграција, тероризмот и организираниот криминал, како и кога станува збор за снабдувањето со енергија. Работите најдобро функционираат кога заедно се справуваме со нив, изјави Нехамер.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан изјави дека ако од таа земја се гледа безбедноста на Европа, кога станува збор за миграцијата, тоа зависи од Србија бидејќи, ако ги брани своите граници, ќе ја брани и Унгарија и остатокот од континентот.

-До влегувањето на Србија во ЕУ ќе мора да ја спуштиме одбранбената граница што е можно подалеку на југ. Унгарија ќе обезбеди луѓе и опрема, рече Орбан, нагласувајќи дека од 2015 година Унгарија потрошила 1,6 милијарди евра за заштита на границите, а од Брисел добила 1,2 отсто од таа сума.

Кога станува збор за миграцијата во Унгарија, Орбан кажа дека оваа година спречиле 250.000 илегални премини во нивната земја и додада дека „подолго време води војна против илегалната миграција” и дека слушнал секакви работи како тоа треба да се работи, но дека верува во само еден метод заснован на искуство.

-А тоа е да кажеме дека миграцијата не треба да се менаџира, треба да се спречи. Илегалните мигранти нема да влезат само ако знаат дека нема да можат да ја поминат границата, ако се убедени дека можат, ќе ја преминат. Треба да им дадеме до знаење дека нема премин преку нашата граница, нема менаџмент со миграцијата, нема усмерување на миграција, тоа треба да се запре, а илегалното преминување е кривично дело против кое мора да се постапи, рече унгарскиот премиер.

Поврзани новости