Србија целосно ќе ги укине автобуските линии за граѓаните да останат во своите домови

by fokus

Од утре од 10 часот во сите градови во Србија ќе биде забренет излез за сите постари лица од 65 години, а во селските средини излезот ќе биде забранет за лицата постари од 70 години, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, вечерва на вонредна прес конференција.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ кажа дека „од утре во 20 часот до 05 часот ќе биде забрането движење на улиците во Србија на сите лица, освен органите на власт и оние кои ќе имаат работна обврска.“

-Војска ќе ги преземе сите гранични премини, мигрантски центри, болници и други објекти, изјави Вучиќ, објаснувајќи ги најновите мерки на Србија во борбата против пандемијата на коронавирус.

Целта ни е да за два до три дена да се бидат укинати сите автобуски и железнички линии, бидејќи целта ни е луѓето да останат во своите домови.

Вучиќ кажа дека Србија ќе излезе во пресрет на барањата на соседите и ќе и „излезе во пресрет на барањата на Северна Македонија за извоз на пченка и брашно.“

Поврзани новости