503
Координаторот за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, денеска изјавил дека Вашингтон е загрижен за, како што рече „големото распоредување“ на српски војници долж границата со Косово.
-Ќе го следиме големото српско распоредување долж границата со Косово. Ја повикуваме Србија да ги повлече своите сили од границата и да продолжи да ги намалува тензиите – рекол Кирби.
Според него, во моментот не може да каже кои се целите на ваквиот потег.
-Истрагите продолжуваат и „сакаме Србија да учествува во нив – одговорил тој на прашањето дали САД знаат дали Србија и Русија се вмешани во нападот на Бањска.