359
Едно лице загина, а околу 25 се повредени во сообраќајната несреќа, во која автобус со полски регистерски таблички излета од патот Суботица – Нови Сад и се преврте.
Во несреќата загина постар маж. Во автобусот, кој од Грција се враќаше во Полска, имало 50 патници и тројца возачи. Од патниците 27 биле деца на возраст од 13 до 16 години.
Според првичните информации од полицијата, повеќе деца се повредени, но сè уште не е познат степенот на повредите.