Србија под вода: Поплавени улици, паднати дрва

by Фокус

Силно невреме, со пороен дожд, грмотевици и град попладнево зафати повеќе градови низ Србија.

Невреме го зафати Белград, Нови Сад, а во Сремска Каменица удар на гром накратко го прекина водоснабдувањето.

Во Земун, населба во Белград, дел од улиците и подрумите се поплавени.

Во Нови Сад, од невремето под вода беа неколку градски сообраќајници, а ветрот откорна и дрвја.

Врнежите и грмежите ќе се зголемуваат со засилен ветер во источна и во југоисточна Србија.

Поврзани новости