850
Претседателот на Собранието на Србија Ивица Дачиќ најави дека утре ќе се распушти парламентот и ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори.
Дачиќ истакна дека ова свикување од 3 август 2020 година до денеска донело 265 закони.
„За време на овој мандат, без разлика на приговорите и сомнежите, Собранието успеа да донесе неколку акти многу важни за иднината, а еден од нив е и промената на Уставот“, рече Дачиќ на крајот од последната седница на српскиот Парламент во овој состав.
Посебно го истакна успешниот меѓупартиски дијалог, кој резултира со учество на сите партии на изборите, јави Бета.