519
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска изјави дека Србија ќе ги отвори своите граници со Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија од 1 јуни, но дека чекаат потврда од соседните земји дали нивните граници ќе бидат отворени за српските граѓани, јави МИА од Белград.
„Нивните граѓани ќе можат да влезат во Србија, но тие земји мора да ни одговорат дали нашите граѓани ќе можат да одат таму. Тие сè уште не ни одговориле“, изјави Дачиќ на ТВ Прва.
Тој најави дека и Србите и странците ќе можат слободно да влезат и да ја напуштат Србија, без карантин, тестови и дозволи што порано им беа потребни на странците.