440
На белградските гробишта денеска ќе бидат погребани четворицата ученици и еден обезбедувач кои беа убиени во пукотницата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, додека петте жртви од пукотницата кај Младеновац ќе бидат погребани во Мали Орашје.
Во недела се закажани уште три погреби, а во понеделник на Новите гробишта во Белград ќе бидат извршени два погреба.
Во Србија денеска е втор ден на жалост поради трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград и масовното убиство во селата околу Смедерево и Младеновац