Српскиот министер за надворешни работи во технички мандат и претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, изјави дека Србија нема намера да води војна, но ако сака – „Ни милион „џавелини“ не би му помогнале на Косово“.
Тој во емисијата на ТВ Пинк ја коментираше и најавата на американскиот амбасадор Кристофер Хил дека САД ќе испорачаат противтенковски системи „џавелин“ на Косово.
Според Дачиќ, крајно време Србија да одлучи дали Косово е нејзино национално прашање или не.
Тој ја критикуваше Српската православна црква (СПЦ) што одбива да ја прифати посетата на Папата на Србија, бидејќи смета дека влијанието на Ватикан е исклучително важно во светот, нагласувајќи дека Ватикан (засега) не ја признал независноста на Косово.
„СПЦ мора да реагира во врска со посетата на папата, бидејќи е важно да ја задржиме поддршката од Ватикан“, рече Дачиќ.
Тој додаде дека околу ова прашање мора да се постигне национална хомогеност.