418
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека не сака да зборува „кој однадвор влијаел“ на настаните во Русија, каде избувна бунтот на паравоената формација Вагнер, но смета дека не треба да се сомнева дека има такво влијание.
Вучиќ оцени дека овој настан ќе има последици, „и за ситуацијата на бојното поле во Украина и за внатрешно-политичката ситуација“.
Мислам дека ова ќе има длабоки и сериозни последици“, изјави Вучиќ во интервју за ТВ Пинк.
Тој рече дека Србија никогаш нема да поддржи државен удар во ниту една земја.