Србија наскоро ќе го лансира својот прв сателит во вселената

by Фокус

Србија се подготвува да го испрати својот прв сателит во орбитата, приклучувајќи се на групата од 106 земји кои веќе имаат вселенски програми.

Покрај набљудувањето на Сонцето во доменот на Х-зраците, што е невозможно од Земјата, сателитот наречен „Мозаик“ ќе има уште неколку мисии, меѓу кои и и телекомуникациски.

Како што наведуваат српските медиуми, првиот српски сателит „Мозаик“ треба да биде лансиран во вселената следната година, со идеја да остане во орбитата помеѓу две и три години.

-Првиот српски научен сателит има неколку цели и мисии. Првата цел, целта на мисијата, е да се набљудува Сонцето во доменот на рендгенските зраци. Втората цел е да се фотографира планетата Земја. Така сателитот ќе има повеќе сензори, поточно две камери, едната ќе биде насочена кон Земјата – ќе ја снима површината на земјата, нема да биде во ултра висока резолуција, не можеме да ги споредиме со Гугл, но доброто е што можеме да добиеме од нив кога сакаме, не кога плаќате или кога испраќате барање, туку само нашиот сателит лета над нашата земја еднаш дневно и можеме да земеме податоци од тој сателит – посочува Милан Стојановиќ од белградската астрономска опсерваторија.

Во проектот за лансирање на сателитот „Мозаик“, чиј комуникациски систем го изгради Институтот „Михаило Пупин“, се вклучени и професори и доктори од Математичкиот и Електротехничкиот факултет и Институтот за физика.

-Една од главните цели на мисијата е да научите како да направите сателит од почеток до крај, од набавка на компоненти што одат на сателитот, нивна интеграција, склопување и поставување на она што сте го виделе на моделот, негово тестирање до испраќање во орбитата – вели Стојановиќ.

Поврзани новости