462
Владата на Србија денеска ја укина забраната за извоз на пченица и пченка.
Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, оваа одлука е донесена по анализа на моменталната состојба и резервите на пченицата по жетвата во Србија.
Слободниот извоз на пченица и пченка ќе важи до почетокот на есента, до нова проценка на состојбата и вкупните резерви на клучните житни култури.
Српката Владата донесе и одлука да одобри извоз на 4.000 тони рафинирано сончогледово масло на големо.