177
Вељко Пауновиќ е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија.
Одлуката за назначување на селекторот ќе ја потпишат членовите на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), на состанокот следната недела.
Се очекува Пауновиќ да го има своето деби на 13 ноември, на гостински терен во Англија. Тој ќе го води првиот натпревар во Србија три дена подоцна, против Латвија во Лесковац.
Новиот српски селектор го голем предизвик уште во првите денови од неговиот мандат.
Тој ќе има задача да го дефинира конечниот состав за ноемвриските натпревари. Србија не се откажа од второто место и пласманот во плејофот за Светското првенство во 2026 година.